Oткажана аукцијата на државни хартии од вредност

Bez autora
Aug 21 2013

Министерството за финансии ја откажа вчерашната аукција на државни хартии од вредност. Ова е третпат во еден месец Министерството да откаже предвидена аукција на државни записи и обврзници. - Целта е да се излезе во пресрет на барањето на бизнис-заедницата за зголемување на понудата на пазарот на капитал со оставање повеќе слободни средства кај банките кои понатаму би се пласирале како кредити - соопшти Министерството за финансии. Буџетот, пак, наведуваат од Министерството, има добра ликвидност и редовно се сервисираат буџетските обврски, исплатата на плати и на пензии, обврските кон стопанството по основа на ДДВ и фактурираните работи.

Oткажана аукцијата на државни хартии од вредностМинистерството за финансии ја откажа вчерашната аукција на државни хартии од вредност. Ова е третпат во еден месец Министерството да откаже предвидена аукција на државни записи и обврзници.

- Целта е да се излезе во пресрет на барањето на бизнис-заедницата за зголемување на понудата на пазарот на капитал со оставање повеќе слободни средства кај банките кои понатаму би се пласирале како кредити - соопшти Министерството за финансии.

Буџетот, пак, наведуваат од Министерството, има добра ликвидност и редовно се сервисираат буџетските обврски, исплатата на плати и на пензии, обврските кон стопанството по основа на ДДВ и фактурираните работи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik